Добре дошли! Регистрирането отнема няколко минути и е напълно безплатно, но ще ви даде повече възможности. Може да влезете направо с профила си от Фейсбук. Натиснете тук!

Градба на клеточен sид (на македонски)

Реферати, есета, доклади и всякакви документи свързани с биологията и медицината.

Модератор: Модератори

Градба на клеточен sид (на македонски)

Мнениеот Mozo на Нед Дек 23, 2007 19:43

Универзитет „ Св. Кирил и Методиj ”
Фармацефтски факултет
Скопjе




СЕМИНАРСКИ
по
Ботаника
на тема
Градба на клеточен sид


Изработили:
Мартина Пенкова
Селвер Хоца







СОДРЖИНА:


Морфологиjа на клеточниот sид.
Пори.
Хемски состав на клеточниот sид.
Микроскопска и субмикроскопска структура.
Плазмодесми.
Промени во хемскиот состав на клеточниот sид.
-лигнизиранье
-суберинизациjа (оплутнуванье)
-кутинизациjа
-минерализиранье
-ослузнуванье




Клеточен sид (клеточна обвивка)
Растителната клетка, за разлика од животинската, на своjата површина има цврста обвивка, што jа обвива од сите страни. Клетката, независно од тоа дали е самостоjна или заедно со други клетки е заштитена сосопствен sид. Овоj клеточен sид или обвивка се образува како продукт на животната актив­ност на протопластот со коj останува траjно поврзана. Само во ретки случаи клеточниот sид не се изградува, а таквите клетки остануваат голи и навидум слузести, Тоа се половите клетки, слузестите габи и некои други претставни-ци на попростите габи.
Клеточниот sид претставува здрава и цврста обвивка на растителниот протопласт. Таа е до таа мера здрава и цврста што дури и по изумираньето на протопластот останува присутна. Клеточниот sид го регулира предаването на материите од клетка во клетка, како и нивното навлегуванье во внатрешно-ста на протопластот. Исто така, таа претставува механичка заштита од фи-зички влиjаниjа.
Клеточниот sид може да се окарактеризира како непротоплазматична компонента на клетката коjа по дефинитивното оформуванье е лишена од своjа активност. Но, сепак, се допушта дека во младите клетки, каде што цитоплазмата се уште е во тесни врски (со вметнуванье на своите честички мегу структурата на sидот), постои извесно учество во метаболитичките процеси.
Во наjраните етапи од своето образувайте, клеточниот sид се формира
како една преграда, т.н. фрагмопласт. Таа настанува тогаш кога задебелуваньата на делбеното вретено, споjуваjки се мегусебно, образуваат нова преградна
мембрана коjа со своите краишта допира до старите делови на постоjниот
клеточен sид. По таков начин малината клетка се поделува на две клетки,
издвоени со преграда. Оваа преграда е изградена од пектински материи со
аморфна градба. Нешто подоцна, од секоjа страна на преградата, новите
клетки започнуваат интензивно да акумулираат материи кои се сложуваат
покраj пектинската преграда. Новите слоеви се од хемицелулоза или целуло­
за, кои сложуваjки се на одреден начин, го изградуваат клеточниот sид и на
страната до пектинската преграда. .
Во текот на растението на клетката, клеточниот sид го следи порастот на протопластот. Таквата клетка добива во волумен, а воедно расте и кле­точниот sид во површината. Тоа обилно станува со вметнуванье нови гра-дежни молекули в сред постовите, со што клеткиниот sид расте во површина. Ова растенье е наречено интусусцепциjа. Кога клетката ке го по­стигне своjот дефинитивен волумен, во некои клетки започнува дебелейте на клеточниот sид. Со тоа тоj зацврснува, а често многу добива и во дебелина. Тоа се постигнува со нанесуванье цели нови слоеви до веке постовите, без да се нарушуваат првобитните размери на површината на клетката. Ова насло-jуванье на материите во клеточниот sид всушност е нарастуванье во дебелина и е наречено апозициjа. Тоа може да се врши континуирано, под делата клеточна обвивка или на одредени места, додека другите остануваат во прво-битна состоjба. Цврстината на клеточниот sид пред се е резултат на апозици-ското нарастуванье, а таму каде што клетките немаат апозициски процеси цврстината на клеточниот sид се постигнува со тургорна состоjба на прото­пластот. Наслоjуваньето на материите во апозициското нарастуванье може да заземе големи размери, сведуваjки го луменот до мал процент или пукнатин-ка. Во овоj процес обично се истрошува целиот протопласт за синтеза на градивни материи, така што во дефинитивна состоjба таквите клетки се по правило без протопласт и мртви. Овие клетки се со одредено значение за животот на организмот. Обично, тие извршуваат некоjа од функциите коишто не би можеле да ja извршат живите клетки.
Морфологиjа на клеточниот sид се менува во зависност од возраста на клетката и од видот на физиолошката функциjа. Првобитната преграда ко-jашто се образува мегу двете новосоздадени клетки, по завршните процеси на делбата на jадрото се вика средна ламела. Отпрвин, таа се jавува како течен, пивтиест слоj, изграден од т.н. пектинати. Од двете страни на средната ламела, во почетните процеси на образуването на сестринските клетки се акумулираат градежни материали, се додека се изгради слоj значително подебел од средната ламела. Тоа е примарниот клеточен sид. Тоj наjчесто е изграден од целулоза или хемицелулоза, чии молекули се соединети со молекулите на пектинските материи. Всушност, примарниот клеточен sид никогаш не може да биде изграден од 100% целулоза; тоj содржи и други материи, мегу кои е пектински. Примарниот клеточен зид има сво]а структу­ра во коjа целулозните молекули се распоредени на одреден начин. Со тоа се постигнува еластичност и пропустливост, што е од несомнено значение за животот на клетката. Во зависност од функщуата на клетката, примарниот клеточен sид е различно дебел, односно може да биде сосема тенок или пак многу дебел. Отпрвин, клеточниот sид е во тесен контакт со цитоплазмата, коjа внесуваjки нови градежни молекули во неговата структура придонесува за површински нарастуваньа.
Во одделни случаи со натамошното растение на цитоплазмата и целата клетка, под примарниот клеточен sид се акумулираат нови количества гра-дежен материал - наjчесто молекули на целулоза. Ова акумулирайте станува во вид на целосно или испрекинато наслоjуванье, под веке оформената при-
марна клеточна обвивка. Со наслоjуваньето на се понови количества целулоза се образува нов клеточен sид, поставен непосредно под примарниот. Тoj е наречен секундарен клеточен sид, а наjчесто се состои од целулоза или смеса од различни количества целулоза и хемицелудоза. Доколку како дополнителен градежен материал се jави материал лигнин, своjствата на секундар­ниот клеточен sид можат да бидат променети целосно. Инаку, целулозниот секундарен клеточен sид се одликува со сложеност, а понекогаш и неедно­родност во структурата, а тоа е резултат на наслоjуваньето на повеке слоеви, мегу кои се jавуваат физички и хемиски разлики. По правило, секундарниот клеточен sид се jавува по престанокот на површинското нарастуванье на примарниот клеточен sид и по постигнуваньето на дефинитивниот пораст и конечната големина. Според тоа секундарниот клеточен sид, не деjствува врз вкупната големина на клетката. Секундарниот клеточен sид треба да се сфати како дополнителен слоj без коj може да опстане една физиолошки активна клетка, но коj е многу важен во клетките со механичка, спроводна и заштитна функциjа. Клетките коишто образуваат секундарен клеточен sид, во дефини­тивната состоjба можат да бидат без протопласт, со празни лумени. Такви се трахеите, трахеидите, некои механички влакна и некои други клетки кои пред се извршуваат заштита на растението (плутени клетки). Со други зборови, секундарниот клеточен sид се jавува во високоспециjализираните клетки кои претрпуваат неповратни промени во процесите на своjот развиток. Покраj овие, постоjат клетки со секундарен клеточен sид и протопласт со целосна активност (сл. 32 )
Пори. Секундарниот клеточен sид се карактеризира со нездебелени места или простори во коишто не се врши наслозjванье на материите. Овие
простори се разликуваат еден од друг по свежата големина и по начинот на образуванье и по структурата, додека нивната функциja се сведува на овоз-можуванье контакт мегу допрените една до друга клетка. Овие незадебелени места по клеточниот яид се наречени пори. Тие се карактеристични за секун-дарниот клеточен sид, а по начинот на развитокот се разликуваат од слични отвори на примарниот клеточен sид. На примарниот клеточен sид порите се ситни и мали, бидеjки клеточната обвивка е тенка и нежна. Во клетките со оформен секундарен клеточен sид се разликуваат главно два вида пори: про­сти и сложени (обвиени). Суштествената разлика мегу овие два вида пори се состои во тоа што внатрешниот дел на секундарниот sид како свод jа наткри-лува основата на сложената пора. Во проекциjа, излезниот дел на пората има изглед на мал круг, коj се наога во средината на поголем круг, а ja претставува основата или отворот на пората. Градбата и структурата на сложените пори може да биде компликувана, посебно на оние клетки кои извршуваат спровод-на функциjа (трахеи и трахеиди). На ваквите сложени пори се разликува задебелуванъе на средишниот дел, наречен торус, над коj се надвиваат неза­дебелени делови, наречени маргинални зони. Торусот е изграден од ела­стична и подвижна мембрана, коjа по потреба се отвора или се затвора. На таков начин се олеснува приливот на материите (вода и неоргански материи), односно се попречува нивното излегуванье. При простите пори, ширината на влезниот дел одговара на излезниот, така што во проекциja се во вид на мало кругче. Надолжно, тие се како обични каналчиньа Простите пори се каракте­ристични за паренхимските клетки, како и за некои клетки со силно наслоени секундарни sидови (т.н. склереиди). Во нив, порите можат да придобиjат вид на разгранети каналчиньа со различна ширина.
Порите, по правило, ги има истовремено и во иста висина од двете страни на клеточниот sид на допрените клетки. Таквите пори претставуваат парови пори, а по структура обично се еднакви. Понекогаш, на сложената пора од едната клетка одговара на иста висина проста пора од другата клетка Тоа обично е во клетки кои извршуваат различна функциjа, на пример парен-химска клетка и трахеа, односно трахеида.
Порите, дури и во една клетка се распоредени на различно растоjание, а можат да бидат и различни по структура. Поjавата на видот пори многу зависи и од местото на клетката спрема другите клетки. На пример, сложени­те пори ке се развиат кон страната на коjа се сместени спроводниците, а простите се образуваат на страната кон паренхимските клетки .
Хемиски состав на клеточниот sид. Наjраспространетата матерна коjато jа изградува клеточниот sид е целулозата Оваа материка името го добила од латинскиот збор целула-клетка Во клеточниот sид, целулозата се сретнува заедно со други материи, наjчесто од групата сложени jаглероди, каква што е и самата целулоза Покраj целулозата, од jаглеродите се присутни хемицелулозата и пектинските материи. Во клеточниот sид, на многу клетки се сретнуваат липидни материи: кутин, суберин, восоци. Особено богати со овие материи се клеточните sидови, на клетките коишто се периферно сме-стените наорганизмот. Во клеточниот sид, освен овие материи, се сретнуваат
Сл. 32. Клеточен зид
А-попреч.ен пресек на клетката Б-надолжен пресек
дебелина на клеточниот зид
лумен на клетката
средна ламела

и други органски супстанци - лигнин, како и некои минерални материи. Секогаш присутна компонента на клеточниот sид на активните клетки е водата. Количеството вода во клеточниот sид може да биде доста високо, така што придобива изглед на набабрено тело. Дел од водата се наога во слободна состоjба, а извесен дел е врзан за хидрофилните материи на клеточниот sид. Целулозата е полисахарид, чиjа емпириска формула е истоветна со таа на скробот . Но, за разлика од скробот, целулозната молекула е изградена од над 1000b-d гликозни остатоци, сврзанисо кислородни мостови. Молекулата на целулозата има изглед на конец или нишка, а должината може да достигне до 4 мкк со ширина од 8 мкк. Молекулите на целулозата се сместени во клеточниот sид по одреден начин. Целулозата е отпорна, но доволно еластична материка, Патешко се хидролизира. Со деjствуваньето на концентрирана сулфурна киселина, таа се разложува на основните компо­ненти (гликозните остатоци). Сличен ефект се постигнува кога на целулоз­ната материjа деjствува ферментот целулаза. Молекулата на целулозата се хидролизира до дисахаридот целобиоза, коj под влиjанието на ферментот целобиаза се разградува до гликоза. Овоj ферментативен процес по исклучок се извршува во живите клетки на растението, поради недоволното присуство на ферментот целулаза. Мегутоа, тревопасните животни, во дигестивниот тракт го содржат повеке, од каде што е можноста за искористуванье на целу­лозата по разградуваньето до гликоза, како енергогенен материал. Докажува-ььето на целулозата во клеточните sидови се извршува со реагенсот хлор-цинк-jод. Во допир со овоj реагенс, целулозните sидови стануваат светломо-дри. Раствор на бакарен оксид во амониумова база (т.н. шва,щеров реагенс) може да предизвика разлаганье на целулозните sидови .
Хемицелулозата е блиска по состав на целулозата, но е поподложна на разложуванье и понеотпорна на хемиски деjства. Хемицелулозата е хетеропо-лисахарид (за разлика од целулозата, коjа е хомополисахарид) со различен степен на раствор ливост. Главно, постоjат два вида хемицелулоза: хексозани и пентозани. Хексозаните, од кои нащознати се мананите и галактаните, се изградени од манозни и галактозни остатоци (тоа се хексози), додека пенто-заните, од кои наjпознати се ксиланите и арабаните, се изградени од пентоз-ни остатоци. Клеточните sидови на младите растениjа, или младите делови на повекегодишните растениjа, семината и лисната, се составени главно од хемицелулоза. Така на пример, хемицелулозата од видот пентозани се наога во семеницата на кикиритките, зрната од житните растениjа, сламата, кочаните на пченката итн. Други видови хемицелулоза се содржат во клетки­те на зеленчуците: спанак, салата,зелjе. Честопати, хемицелулозата се скла­дира во вид на резервни материи, обично околу клеточните sидови, кои се задебелуваат и само на места се незадебелени. Такви клетки, со резервирана хемицелулоза, имаат семиньата на кафето, лупината и некои други. При никнуваньето, под влиjанието на ферментот цитаза, хемицелулозата се раз­градува до растворливи и лесноподвижни шекери, кои служат како енергоге-ни материи на клетките што се во пораст. По разградуваньето на хемицелуло­зата, клеточните зидови остануваат сосема тенки, без задебелуваньа
Во наjголем броj случаи, пектинските материи се наогаат во сосема младите клеточни sидови, исполнувади го допирниот простор мегу сосед-ните клетки. Тие се jавуваат како материи коишто ги поврзуваат не само целулозните молекули, туку и клеточните sидови на две допрени клетки. Хемиски, пектинските материи се блиски до хемицелулозата, но имаат друг вид на растворливост, т.е. многу лесно се преобразуваат во желатинозна маса. Се jавуваат во три форми: протопектин, протопектинска киселина и пектин.
Oвие супстанци се полимери на уронската киселина. Пектински мате­рии (пектини и пектинска киселина се добиваат со делумна хидролиза на протопектините. Тоа се колоиди, со пластични своjства и во виш степен хидрофилни. Високиот степен на оводнетоста на младите клетки делумно е резултат и на овие особини на пектинските материи. Бидеjки пектините се составени од материи, многу лабилни по карактер, често доага до попущтанье во мегуклеточните врски, на местата, што се од пектински материи. Тоа се пред се допирните површини мегу две клетки, кои поради разградуваньето на пектините престануваат да бидат поврзани. Ослободените (една од друга) клетки придонесуваат да се изгуби цврстината на еден здрав орган. Тоа станува обично во зрелите плодови (презреан домат, круша, дин>а, мушмула, оскоруша и др.), и тоатогаш кога под ферментативно деjство попушта вреката мегу клетките. Разрушуваньето на пектинските материи станува и под влиjание на високи температури (варенjе компир, печен.е пиперки) или под механичко влиjание (удар, толченье). Разлаганьето на пектинските материи, придружено со попуштаньето на врските мегу клетките, се нарекува мацера-циjа. Овоj процес е од големо значение за одржуванье на круженьето на органските материи, а освен тоа мацерапицата има практична улога. Имено, стебла­та на конопот и ленот можат а бидат искористени како текстилни суровини, само ако претходно настапи мацераци)а ща овозможува издвоjуванье на овие видови клетки коишто се потребни за преработка.
Микроскопска и субмикроскопска структура. Различните компоненти на клеточниот зид се соединети еден со друг со деjството на хемиски и физички сили. Основната компонента на клеточниот sид е целулозата, прет-ставена со долги, кончести молекули. Повеке молекули на целулозата (неко-гаш и до 100) бочно се соединуваат, образували основна група, наречена елементарна фибрила-мицела со диjаметар од 10 нм, добро видлива со елек-тронски микроскоп. Исто како целулозата, елементарната фибрила има из­глед на конец. Многу елементарни фибрили се обединуваат во снопчшьа, наречени микрофибрили, чиja ширина изнесува и над 25 нм. Едно микрофи-бриларно снопче може да биде составено и од 2000 целулозни молекули. Микрофибрилите мегусебно се обединуваат во макрофибрили, кои содржат и до 500 000 молекули на целулоза. Ширината на макрофибриларното снопче може да изнесува до 0,4 мк. Секундарниот клеточен sид на една средно израстена клетка може да содржи и до 20 000 000 000 целулозни молекули. Елементарните фибрили се мегусебно оддалечени, образували тесни про­стори, во вид на капилари, наречени интермицеларни простори. Нешто по-големи простори се наогаат мегу микрофибрилите, наречени интерфибри-ларни простори, со ширина од 10 нм. Фибриларната система на целулозата од клеточниот sид е разделена со капилари, различни по размери. Капилар-ните пространства се исполнети со вода и аморфна нецелулозна маса. Во сосема тесните интермицеларни пространства, можен е премии само на ситни молекули, какви што има водата, додека во капиларите, кои се мегу микро и макрофибрилите, минуваат молекули на простите jаглеxидрати и на некои други материи. Токму поради постоеньето на овие капилари, кле­точниот sид не е во целост семипермеабилен .
Плазмодесми. Со помош на светлосниот микроскоп, со примена на специуална техника, по рабовите на протопластот можат да се забележат кончести структури кои навлегуваат во клеточната обвивка Овие структури претставуваат тенки цитоплазматски творби преку кои се остварува врската на протопластите од две допрени клетки. На таков начин, разделените со клеточните видови протопласти и натаму се поврзани во една функционална целина. Тоа се таканаречените плазмодесми. Се поjавуваат поединечно, по целиот клеточен sид, или во групи, на одредени места. Кога се поjавуваат во групи, обично се сместени во примарните пори . Броjот на плазмоде­смите во една клетка може да биде различен: во тутунот на 100 мк2 се наjдени од 21-24 плазмодесми, а во некои други само 7-9 на 100 мк. Особено големо количество плазмодесми било востановено во клетките во епидермалните клетки, кадешто добиваат посебно име: ектодесми. Клетките наендоспермот, исто така, се карактеризираат со големо количество плазмодесми.
На електронскиот микроскоп може да се забележи дека плазмодесмите тесно се поврзуваат со ендоплазматскиот ретикулум, односно каналестата система на ендоплазматскиот ретикулум, навлегуваjки преку плазмодесмите е во тесен контакт со таа од другата клетка. Плазмодесмите се образуваат со создаваььето на новите клетки, не исклучуваjки jа можноста за образуване и во текот на растението на клетката.
Значението на плазмодесмите се состои во овозможуваньето на размената на материите од клетка во клетка, како и предаването на дразбите.
Промени во хемискиот состав на клеточниот sид. Под влиjание на физиолошката функциjа што ja изведува клетката, како и од разнородните реак­ции што се одвиваат во неа, клеточниот sид претрпува различни хемиски и физички промени. Менуваjки се физички, тоj придобива нови своjства, кои дотогаш не биле карактеристични за неа.
Наjважни промени коишто ги претрпува клеточниот sид, во текот на своето постоенье се следниве: лигнизиранье, оплутнуванье, кутинизациjа и др.

Лигнизиране (одрвенуванье). Со диференцирането, а во врека со
исполнуваньето на некои механички и водопроводни функции, клеточниот
sид на некои клетки се импрегнира со лигнин (од грчкиот збор лигнум-дрво).
Како резултат на навлегуваньето на лигнинските молекули, клеточниот sид а
одрвенува. При овоj процес, основните материи-целулозата, хемицелулозата и пектинот, не претрпуваат никакви хемиски промени, бидеjки молекулите на лигнинот го заземаат просторот мегу микро и макрофибрилите. Така, интермикрофибриларните и интермакрофибриларните простори престануваат да постоjат како такви, бидеjки се исполнуваат со лигнинска материja. На почетокот на одрвенуван.е е подложен само примарниот клеточен sид, потоа и секундарниот, а може да биде зафатена и средната ламела
Хемиската природа на лигнинот е сложена. Тоj спагаво групата високо полимерни, аморфни соединениjа, со висок процент jаглерод (65%). Токму затоа, одрвенетите растенща добро горат.
Одрвенетите клеточни sидови добиваат цврстина, тврдина, компакт­ност и отпорност на притисок, но затоа пак ja губат дотогашната еластичност и способност за истегнуванье. Одрвенуваььето на клеточниот sид наместо доведува до изумиранье на протопластот, бидеjки се прекинува контактот со соседните клетки. Преку одрвенетите клетки се отежнува размената на мате­риите и доводот навоздух. Понекогаш, одрвенетите клетки, например одрвенетиот паренхим од стеблото на дрвенестите растениjа, можат за подолг период да ja зачуваат живата содржина. Sидовите на таквите клетки се одликуваат со пори преку кои се овозможува контактираньето со соседните протопласти.
По правило, одрвенуванзето претставува неповратен процес, со исклучок на малубротни примери во кои се забележува намалуванье на одрвенетоста на клеточните sидови. Така на пример, камените клетки во крушата и дунjата, задржуваjки го протопластот се одржуваат во живот преку голем броj канали кои им овозможуваат контакт со соседните клетки, за на краjот ферментативно да ги разградат одрвенетите sидови.
Мртвите клетки со одрвенети sидови се од огромно значенье за животот на едно растение. Не може да се замисли спроведуваньето на водата и другите материи без присуството на одрвенетите клетки. Исто така, механичката заштита наjуспешно се постигнува со одрвенети и на посебен начин градени клетки.
Наjголемо количество на лигнинска матерна има во дрвесината на одрвенетите растениjа. Тревестите растетуа имаат малуброjни елементи со одрвенети клеточни sидови: механички клетки, спроводни елементи и др. Всушност не постоjат чисто лигнизирани клеточни sидови, бидеjки микро-фибриларната фадба на секо; клеточен sид е од целулоза Затоа е подобро да се зборува за лигноцелулозни зидови. Лигнизпраните sидови на клетките од дрвото содржат средно 45-50% целулоза, 10-25% хемицелулоза и 22-30% ли-гнин. Во разни растенща, односот на лигнинот и целулозата е променлив. Особено мало количество лигнинска материjа има во тополата дрво, до 21%. Сувата 'ржена слама содржи и до 24% лигнин.
Реагенс за докажуванье на присуството на лигнински материи е флоро-глуцинот со солна киселина. При обработка со овоj реагенс, одрвенетите sидови поцрвенуваат.
Суберинизациjа (оплутнуванье). Клетките на периферно сместените делови од одрвенетото стебло често се подложни на процесот оплутнуванье. Притоа секундарниот клеточен sид претрпува промени, како во хемискиот состав, така и во физичките особини. Промените се состojат во внесуванье молекули од матерната суберин, синтетизирана во протопластот на клетка­та. Суберинските молекули навлегуваат во капиларните простори на секун­дарниот клеточен sид, а потоа наслоjуваjки се изградуваат посебни слоеви под него, за сметка на луменот на клетката. Овде суберински слоеви придо-несуваат да се зголемат размерите на клеточниот sид (всушност sидот заде-белува). Суберинот претставува многу сложена матерна, составена од висо-кополимерни естри на некои ненаситени виши масни киселини, од коинаjчести се: феноловата и суберинската. Постоеньето на суберин во кле-точниот sид се докажува со реагенсот Судан III во алкохолен раствор. Субе-ринизираните sидови тешко ги пропуштаат водата и гасовите, а со тоа кон-тактот на клетките со надворешната средина е скоро исклучен.Тие се лоши спроводнитди на електрицитет и топлина Доколку процесот на субериниза-циjата го има опфатено целиот клеточен sид, поради наброjаните своjства клеткатa ja губи живата содржина Но, ако суберинизавдцата го има опфатено едниот дел од клеточниот sид, клетката го задржува протопластот, бидеjки контактот се овозможува со несуберинизираните делови на sидот. Наjчесто, на суберинизациjа а се подложни надворешните клетки, односно клетките коишто извршуваат изолациска улога. Но, понекогаш, слаб степен на суберинизиранье може да се jави на некои делови од клеточниот sид и на внатрешните клетки. Процесот на оплутнуваньето има големо биолошко значение. Наранетите места се заштитуваат со интензивно внесувакье суберински материи, така што наскоро местото е препокриено со заштитен слoj коj го запира натамошниот процес на оштетуванье на наранетиот орган. Субе­ринизираните клетки се jавуваат во различно количество во заштитните ткива. Некаде, суберинизираните слоеви клетки се толку големи што претставуваат цели наслоjки на стеблото. Таков е плутениот даб Quercus suber дебелина достигнува до неколку сантиметри, а порадитоа се користи за разни цели.
Кутинизациjа. Таа се состои во внесуваньето кутинска материка мегу молекулите од градежните материи во клеточниот sид. Името доага од кутин -кожа. Хемиски, оваа матерна претставува смеса на високополимерни соеди-нениjа, блиски до восоците, но без да се топи на висока температура и да се раствора во органски растворачи. За разлика од суберинот, кутинот содржи само заситени виши масни киселини. Неговото присуство се докажува со рутенинско црвено.
Кутинизациjaта, за разлика од лигнизациjaта и суберинизациjaта, се врши само на слободната страна на клеточниот sид, т.е. на онаа страна Щ]ашто е свртена кон воздухот, додека другите делови на клеточниот зид остануваат со првобитниот состав. Кутинизираниот sид може значително да се здебели, без да се намали еластичноста. Во растениjата кои се развиваат во ар идните подрачjа, кутин ската матерна, освен што ги импрегнира надво­решните делови на клеточниот sид, може да се излачи на површината над клетките во еден бесструктурен слоj со различна дебелина. Тоj ги препокри­ва сите клетки кои се наогаат на површината, а се нарекува кутикула. Таа е изградена од чист кутин. Кутикулата и кутинизираните делови на клеточни-те sидови не пропуштаат течности, додека предаването на гасовите е доста отежнато. Значи, кутинизираните клетки ги заштитуваат внатрешните ткива од непотребно испаруванье, засушуванье, од напад на разни микроорганизми и од заболуванье. Дури се смета дека кутикулата деjствува како радиационен екран коj ги впива ултравиолетните зраци.
Кутинот се синтетизира главно во клетките на младите.делови од растението односно во лигата, цветните делови, младите гранки, едного­дишните стебла и плодовите. Додека на другите делови од растението се заменува со некоjа друга промена во хемискиот состав на клеточниот sид, на листата останува тратно, се до опаганаето.
Надворешната обвивка на поленовите зрнцаво сувоземните растениjа, како и на спорите од некои габи, е составена од матерната споролепин, кojа е многу сродна на кутинот. Тоj е извонредно отпорен на разлагайте, поради што ja зачувува своjата форма скоро неограничено време. Пронаjдениот по-лен од минатите геолошки подлоги е со зачувана структура.
Минерализиранjе. При минерализациjа, клеточниот sид се инкрустира со разни минерални материи, наjчесто со калциумови соли и со соли на
силициумовата киселина. Минералните материи ги произведува протоплаз-мата, а потоатие го инкрустираат клеточниот sид. Минерализираните зидови стануваат цврсти, на допир сечат, но, истовремено, лесно се прекршуваат.
Растителните клетки со силицизирани клеточни sидови се наогаат во некои кисели треви, житни растеньа, како и во растението наддавка. Ко­личеството на импрегнираниот силициум диоксид во органите е прилично високо, што може да се востанови по согоруваньето на растенщата кога оста-нува видлива трага од него. Уште поголемо количество на оваа матерна се наога во претставниците од diatomeae.
Во клеточните sидови се внесуваат и калциумови соли. Покраj импре­гнирането на клеточните sидови, тоj понекогаш се разраснува и во вна-трешноста на клетката, правели гроздовидни творби, познати како цистоли-ти.
Минералните материи кои го инкрустираат клеточниот sид, наjчесто се во аморфна состоjба, а поретко во кристална. Во помала мера, добар дел од клетките е подложен на процесот на минерализирана. Сепак, се минерали-зираат, главно постарите клетки.
Ослузнуванье. Клеточните зидови ослузнуваат кога во нив ке се поjави слуз, чиjа природа и хемизам не се доволно разjаснети. Тоа се jаглероди, сродни на пектински материи. Слузта има изразена способност за впиванье вода, при што силно набабрува. Клеточни sидови на тврдите тела (на; пр. семиньата) богати со слузести материи, при впиваньето вода, поради процесот на ослузнуванъето стануваат лигави. Такви се семиньата од тиквата, дикьата, ленот. Тие со ослузнуваньето на клеточните sидови се во можност дазадржат поголеми количества вода, потребна за процесите на 'рстеньето. Семиньата со ослузнети семеници подобро се залепуваат за почвените честички, а со тоа се овозможува стабилна положба на никулецот. Послаб степен на ослузнуванье на клеточните sидови се забележува во клеточните sидови на кореновите влакненца, кои, исто така, треба да бидат во тесен контакт со почвените честички, т.е. со ослузнетите клеточни sидови прилепени за почвата.
Ослузнуваньето е нашироко распространето во нижите растенjа.
Понекогаш, ослузнуваньето е резултат на патолошки промени. Така на пример, во коскестите растениjа (исто така иво сусамот) се jавува своеобразен вид слуз, наречен смола или гумозис. Обично, тоj се создава под влиjание на ферментативните процеси. Во гумозисот од вишната се наога хемицелулоза од типот арабани.

Хемски состав на клеточниот sид

Вид материjа Хемски компоненти од кои е составена материjата Докажуванье на боjа
целулоза b-d - гликоза Хлорцинкоjод (светловиолет)
хемицелулоза арбиноза, ксилозманоза, галактоза -----------------
пектински глукуронска и галактулонска киселина Рутеинско црвено
лигнин Кониферов алкохол (високо полимерни соединениjа) флороглуцин обоjува црвено
кутин масни материи хлорцинкjод обоjува жолто
Минерални материи калциум, силициум во форма на силикати и карбонати Судан III обоjува портокалово
суберин Виши масни материи Судан III


Ослузнуваньето е како резултат на хемиската промена на материите во клеточниот sид, но, исто така, и поради издвоjуванье слузести материи од цитоплазмата. При заздравуванье на оштетените места, клеточните sидови ослузнуваат.
Пигментираньето на клеточните sидови обично настанува по изумира-ньето на протопластот. Материите кои до тогаш биле во клеточниот сок или во протопластот, навлегуваjки во клеточниот sид се оксидираат до поjава на некоj
вид обоjуванье. Оксидирането е биохемиски процес коj настанува со ферментативна активност. На пример, танините, кои по изумирааето на
Клетката оксидираj`ки, jа обоjуваат дрвесината, коскестиот дел на много семиньа како и корката на дрвото во кафено. Семиньата на многу растениjа се обоени во жолто, кафено или скоро црно, а тоа е последица на материите од типот флобафени кои се поjавуваат на површината на изумрени клетки, образуваj`ки притоа специjален пигментиран слоj.









































ЛИТЕРАТУРА




1.Ботаника
Проф. д-р Радмила Групче
НИО „Студентски збор”
Скопjе


2.Цитологиjа, анатомаjа и морфологиjа на растениjата
Д-р Живко Сековски
Студии по биологиjа-наставни насоки
Скопjе 2007
Сигнатура:
ИзображениеИзображение
Аватар
Mozo
Lame forum support
Lame forum support
Репутация: 7620
Mozo изгражда репутацияMozo изгражда репутацияMozo изгражда репутацияMozo изгражда репутацияMozo изгражда репутацияMozo изгражда репутацияMozo изгражда репутацияMozo изгражда репутацияMozo изгражда репутацияMozo изгражда репутацияMozo изгражда репутацияMozo изгражда репутацияMozo изгражда репутацияMozo изгражда репутацияMozo изгражда репутацияMozo изгражда репутацияMozo изгражда репутацияMozo изгражда репутацияMozo изгражда репутацияMozo изгражда репутация
 
Мнения: 146196
Регистриран: 01 Юни 2007
Наличност: 1,425,880.50
Банка: 5,487,916.26
Местоположение: Somewhere In Time
Най-високи резултати: 43
Статистика на победите: 0





Назад към Биология, медицина

Кой е на линия

Потребители разглеждащи този форум: 0 регистрирани и 1 госта